Печати


Со одлука на одговорните лица, проектот Супер Ѕвезда привремено го прекина своето емитување. Во моментов сите активности, вклучувајќи ја и нашата интернет страна се во прекин. Поради големиот интерес и се позачестените прашања, ги информираме нашите обожаватели дека разгледуваме одредени можности за продолжување со проектот кој 15 години беше составен дел од македонскиот етер. Воедно, сакаме да им се заблагодариме на сите наши мали и големи обожаватели за несебичната поддршка и љубов која на разни начини секојдневно допира до нас. Со надеж дека ќе се дружиме повторно,

тимот на Супер Ѕвезда
 

Супер Ѕвезда на Youtube.com

Печати

За своите верни обожаватели Супер Ѕвезда и натаму редовно го одржува својот on-line видео канал youtube.com/superproduction на кој се објавени сите наши песни и емисии. Тука сме за вас кога и да посакате. Еден клик и журката започнува! Одберете некоја од нашите плеј листи кои специјално ги направивме за вас и Супер Ѕвезда ќе ве забавува со часови! Ако славите роденден, ако правите журка за вашите гости или ако мама и тато сакаат да имаат барем малку мир во денот - кликнете тука!